Претседателскиот кандидат Река најави промени во регионот со доаѓањето на Курти

Кандидатот за претседател на Македонија на последните претседателски избори и професор Блерим Река, коментираше на Фејсбук дека феноменот да се гласа за некорупирани политичари е поддржан од САД и дека истото ќе се случува на регионално ниво.

На вчерашните вонредни парламентарни избори, најмногу гласови освои партијата Самоопределување на Албин Курти, додека партијата на Рамуш Харадинај го призна поразот.

– Кога пишував со години, дека „незапирливата антикорупциска лавина на Балканот“ ќе започне од Косово; повеќето се смееја. Исто како што велев дека Албин Курти ќе ги води последните преговори со Белград. Во меѓувреме, САД прогласија глобалната борба против корупцијата – како приоритет на надворешната политика – и во пресрет на изборите наредија: „Не гласајте за корумпираните“, барајќи: „Нови идеи за дијалог: Косово-Србија“. Колку и да е едноставно: корупцијата стана геостратешка закана и преговорите за затворање на оваа закана на Балканот не можат да бидат водени од корумпирани политичари. Но, 6 октомври ќе ги прекине и регионалните сојузи за криминал. Посткорупциската лавина штотуку започна да се протега од Приштина. Не е познато каде ќе запре … – гласи коментарот на Река.

Според проценките на професорот, иако не спомена други земји, вели дека слично би можело да се случи и во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот