Претседателски ветувања: Биелса од клупата и Гризман во нападот ќе го предводат Атлетик Билбао?

Марсело Биелса/фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Шпанскиот Атлетик Билбао наскоро ќе добие нова управата, а кандидатите за претседател на навивачите им ветуваат сè и сешто, па така еден од нив ветува дека ќе донесе екстра тренер и голема ѕвезда.

Претседателскиот кандидат Ињаки Аречабалета ако победи на изборите, ќе ги донесе Марсело Биелса за тренер и Антоан Гризман во нападот.

И Биелса и Гризман имаат своја историја во Баскија. Биелса од 2011 до 2013 година седеше на клупата на Атлетик и екипата под негово водство играше во во финалето на Лигата на Европа и кралскиот Куп, но не успеа да се израдува на трофејот.

Гризман пак настапуваше за вториот баскиски тим во Ла Лига, Реал Сосиедад (2009-2014) пред да се пресели во Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот