Претседателски избори во Еквадор: Нобоа се прогласи за победник, противкандидатката не ги признава резултатите
Претседателот на Еквадор во заминување, Даниел Нобоа (37) прогласи „историска победа“ во вториот круг од претседателските избори, чиј резултат го оспорува неговата противкандидатка Луиза Гонзалес (47), која побара пребројување на гласовите.
Препорачано
„Оваа победа е историска, тоа е победа со повеќе од 10 проценти разлика, со повеќе од милион гласови, што не остава сомнеж за тоа кој е победникот“, изјави Нобоа на прес-конференција во неговата резиденција во туристичкиот град Олон, на западниот брег на Еквадор.
Со преброени 92 отсто од гласачките ливчиња, шефот на државата, бизнисмен – милионер, син на тајкун со банани, обезбеди 56 отсто од гласовите, додека Гонзалес обезбеди 44 отсто, соопшти изборната комисија.
„Не ги признаваме резултатите“, вели Луиза Гонзалес.
🗳️ #DecideEcuador2025 || “No reconocemos los resultados”, asegura la excandidata presidencial por la @RC5Oficial, @LuisaGonzalezEc, tras los primeros resultados oficiales del balotaje. Además, pide que se abran las urnas. pic.twitter.com/eCrZ4V4Szo
— Radio Pichincha (@radio_pichincha) April 14, 2025
Во првиот круг Нобоа победи со само 16.746 гласа повеќе, а во вториот круг вчера имаше водство од приближно еден милион гласови, по кампањата во тензична атмосфера, во која доминираше прашањето за нарко-картелите и невидениот бран на насилство во земјата, некогаш оаза на мирот во Латинска Америка.
Според Изборната комисија, излезноста достигна 84 отсто од 13,7 милиони запишани гласачи.
Изборната комисија, односно Националниот изборен совет истакна дека нема да го објави конечниот резултат пред да се преброи последното гласање.


