Претседателот на Мексико изгубил свест како последица од ковид

Фото: Архива

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, во државата Јукатан, „накратко изгубил свест поради ненадеен пад на крвниот притисок“ припишувајќи го тоа на ковид-19.

Во видео порака објавена од Кабинетот на претседателот, Обрадор даде изјави за неговата здравствена состојба.

Тој рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, државата Јукатан, „накратко се онесвестил затоа што крвниот притисок ненадејно му паднал“ поради Ковид-19.

Обрадор рече дека со хеликоптер на брза помош бил пренесен во главниот град Мексико Сити. Тој истакна дека вообичаено има проблеми со срцето, но овојпат влошувањето на неговото здравје „не било предизвикано од срцето“.

Лекувањето ќе продолжи во домашни услови, а министерот за внатрешни работи Адан Аугусто Лопез Хернандез ќе одржува дневни прес-конференции додека Обрадор не закрепне.

Обрадор (69), кој двапати беше заразен со Ковид-19 од 2021 година, доживеал срцев удар во 2013 година, а во 2022 година беше подложен на срцева катетеризација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот