Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“ доби забрана за влез во Македонија на неопределено време

Фото: Виктор Стојанов, Фејсбук

Претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, доби доживотна забрана за влез во Македонија, пишува порталот Лупа.бг. Тој веќе имал забрана за влез во земјава во траење од една година и три месеци по чиј истек се упатил кон Скопје, но на граница бил вратен назад бидејќи забраната му била продолжена на неодредено време.

-Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ниту казна за непрописно паркирање таму, но баран сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народи. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа со ова. На овој начин работите нема да останат незабележани, изјави Стојанов.

Тој додаде дека токму поради омразата кон бугарскиот народ, влезот на Македонија во ЕУ бил одложен.

Оваа одлука беше донесена на Самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија, за која во јануари следната година се отвора преговарачко поглавје, пишува бугарскиот портал.

-Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Северна Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше, вели Стојанов.

Според него, Албанија целосно заслужува да го продолжи својот пат кон европската интеграција бидејќи имала добро законодавство за малцинските права.

-Во земјата живеат 100.000 Бугари, а во Тирана 12.000. Бугарите таму имаат советници на министри, Бугарите се и директори на претпријатија. Фондацијата „Македонија“ е активна и во Албанија. Обезбедуваме учебници, алатки, таблети. Таму сме добредојдени и нè чекаат“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот