Претседателката се сретна со директорката на „Македонија 2025″ – дијаспората може да биде важен фактор во македонската економија
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска разговарала со Никица Мојсовска-Блажески, главна извршна директорка на „Македонија 2025″ за зајакнување и продлабочување на односите со дијаспората.
Препорачано
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, директорката ја запознала претседателката за концептот на самитот „Македонија 2025″, како ретка можност за вмрежување, остварување нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
-Соговорничките се согласија дека дијаспората треба и може да биде важен фактор и актер во македонската економија, политика, образование, наука, култура и спорт. Тие укажаа на потребата од интегрирање на дијаспората во сите македонски сфери и процеси. Директорката ја поздрави идејата за формирање Национален совет за дијаспора којшто треба да обединува различни профили и престижни и докажани личности, изразувајќи спремност за соработка. Беше истакната нужноста од создавање и креирање на интегрирана база на податоци, односно регистар на најуспешните, се наведува во соопштението.


