Фото: илустрација / Слободен печат

Претреси во Скопје и Куманово: Се апсат ли поранешни функционери?

Основното јавно обвинителство Скопје спроведува полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации Обвинителството најавува по завршуваето на акцијата.

„Алсат“ објавува дека уапсени се поранешен министер за земјоделство заедно со уште еден функционер од ова министерство, како и поранешниот директор на Јавното претпријатие „Агро берза“ и дека тие моментално се носат со полициска придружба во полициската станица Гази Баба во Скопје.

„Слободен печат“ од МВР не доби потврда за идентитетот на лицата кои се уапсени, но добивме потврда дека во тек е акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот