Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничувал пристапот на новинарите

Американски федерален судија ја блокираше политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на пристапот на новинарите до Пентагон, согласувајќи се со тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека клучните делови од новите владини регулативи се незаконски.

Судијата Пол Фридман, чие седиште е во Вашингтон, ги потврди наводите од тужбата на весникот и пресуди дека новата политика на Пентагон нелегално ги ограничува прес акредитациите на новинарите.

Четири медиуми отстранети од Пентагон

Новинарите од „Њујорк тајмс“, како и бројни други медиуми, ја напуштија зградата на Пентагон пред неколку месеци, не согласувајќи се со ограничувањата воведени од Пентагон предводен од министерот за одбрана Пит Хегсет.

„Њујорк тајмс“ ги тужеше и Пентагон и Хегсет во декември, тврдејќи дека новите правила ги ограничуваат уставните права на новинарите на слобода на говор и правично судење.

„Њујорк тајмс“ го тужи Пентагон поради новите медиумски правила

Судијата пресуди дека новата политика ги крши Првиот и Петтиот амандман на Уставот на САД, кои ги гарантираат правата на слобода на говор и правично судење.

Пентагон засега нема коментар на одлуката на Фридман.

„Њујорк тајмс“ тврди дека целта е да се замолчи известувањето што е неповолно за администрацијата на Трамп.

„Њујорк тајмс“: САД потрошија 11 милијарди долари во првите шест дена од војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот