ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Како да направите декупаж велигденски јајца, Јадранка Весковска ни дава идеја

Со своите вешти раце и големо готварско искуство, Јадранка Весковска со својот блог „Готвиме со Јадранка“ го привлекува вниманието на сите љубители на вкусната храна.  

Иако овие велигденски празници ќе ги поминеме во нашите домови само со потесното семејство, тоа не значи дека не можеме да си направиме убави декорации.

Една од омилените велигденски декорации на Јадранка е декорацијата на јајца со декупаж техника, која се изведува со помош на декоративни салфети и белки од јајца.

– Вака украсените јајца изгледаат преубаво и на прв поглед, можеби ќе помислите дека е тешко да се направат, но верувајте ми, секој може да ги декорира вака затоа што е прелесно. Крајниот резултат се шармантни велигденски јајца кои сите ќе ги обожаваат, особено најмладите! – вели Јадранка.

Постапката на Јадранка

Првин, купете неколку пакетчиња декоративни салфетки, на пример, со цветови, зајчиња и така натаму, и по можност да имаат поситни шари, зашто јајцата се обично мали или со средна големина, па нема да можете да ги искористите оние со покрупни шари.

Потоа ќе ви требаат:

– бели јајца (сварени)

– неколку белки од јајца кои ќе ги користите како лепило

– ножички

– четкичка (оние за боење, средна големина).

Како да декорирате:

Салфетките обично имаат два слоја, одвојте го празниот бел дел и исечете ги шарите кои ви се допаѓаат од другиот дел. Потоа, скршете неколку белки од јајце и ставете ги во чинија, но не ги матете!

Земете едно јајце и ставете една од исечените форми и почнете да ја лепите користејќи ја четкичката и малку од белката. Јајцата ставајте ги на страна да се исушат убаво.

Повторувајте ја постапката сè додека не ги украсите сите јајца што ги испланиравте за декорирање.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот