Премиерот што на работа си носи сендвичи од дома во Америка потрошил 8000 евра

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Косовскиот премиер Авдула Хоти, кој на државната телевизија РТК за време на емисија во стилот „лејт најт шоу“ од неговиот заменик доби пофалби за скромност, за време на неговата шестдневна посета на Соединетите држави потрошил 8.363 евра.

Тој на 31 август на покана од американскиот претседател Доналд Трамп службено отпатува во САД при што на 4 септември го потпиша договорот за економска стабилизација меѓу Косово и Србија.

Според документи кои од Кабинетот на премиерот го обезбеди порталот Инсајдери авионскиот билет чинел 2141 евра.

За време на престојот таму за такси, ручек и други работи Хоти потрошил повеќе во споредба со вредноста на интегралните сендвичи што си ги носи од дома. Ако вкупно 2246 евра се поделат на шест дена излегува дека дневно трошел 374 евра. Но, дневниците за ова службено патување кои Хоти ги добил изнесуваат уште по 693 евра по ден.

Првиот извршен директор кој патуваше со Хоти за сместување и други услуги потрошил уште 3 282 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот