Премиерата на претставата „Поткровје“ ќе се одржи на малата сцена во МНТ

Дизајнер на плакатот за претставата „Поткровје“ е Тео К. Атанасовски

Претставата „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски, премиерно ќе биде изведена на 9 декември, со почеток во 20 часот, на малата сцена во Македонскиот народен театар.

Според режисерот Ивановски, „сѐ е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка, тогаш невозможно е да ја разберете цената“. „Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, како и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

Во претставата играат Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски, а како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот на текстот го направи Марио Стојаноски.

Следната изведба на претставата ќе биде закажана во текот на јануари 2024 година, известија од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот