Фото: Chelsea FC

Премиер лигата го казни Челси за пропусти од времето на Абрамович

Екипата на Челси се соочи со сериозни санкции од Премиер лигата, откако беше утврдено дека клубот прекршил одредени правила во периодот кога беше во сопственост на Роман Абрамович. Лондонскиот клуб ќе треба да плати казна од 12,3 милиони евра, а доби и условна забрана за трансфери во следните две години.

Проблемите излегоа на виделина откако новите сопственици на Челси самите пријавија можни неправилности во претходното работење на клубот. По спроведената постапка, Премиер лигата ги потврди санкциите.

„Завршени се две одвоени дисциплински постапки против Челси откако клубот доброволно пријави потенцијални прекршувања на правилата во минатото“, се наведува во соопштението на лигата.

По разгледувањето на случајот, независна комисија постигнала договор со клубот за санкциите. Според тој договор, Челси се согласи да плати вкупно 12,3 милиони евра. Прекршувањата се поврзани со финансиското известување, инвестиции од трети страни и правилата за развој на млади фудбалери.

Освен финансиската казна, на клубот му се изречени и спортски мерки. Академијата на Челси доби деветмесечна забрана за трансфери, додека за првиот тим е изречена едногодишна забрана за доведување нови играчи. Сепак, таа мерка засега е условна и ќе важи во период од две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот