Премиер лига: Без маски, собирачи на топки, плукање на терен…

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите и тренерите нема да бидат обврзани да носат маски на стадионите и соблекувалните во продолжението на Премиер лигата.

На фудбалерите ќе им биде препорачано да не плукаат на теренот, да не се ракуваат и при прославата на головите да нема контакти, но нема да бидат обвразни да носат заштитни маски.

Исто така на натпреварите нема да им девојчиња и момчиња кои ги собираат топки, туку секој пат при изведување на аут на терен ќе биде вратена стерилизирана топка.

Во Бундеслигата, фудбалерите и тренерите се обврзани да носат маски постојано, освен за време на натпреварите, но во Премиер лигата тоа нема да биде случај, па дури ниту во соблекувалните.  Маски ќе носат само медицинските лица и четвртиот судија.

Екипите вчера го прифатија медицинскиот протокол, освен одлуката да има минута молчење пред сите натпревари во првиот викенд.

За време на натпреварот, на стадионот ќе смеат да бидат присутни највеќе 300 лица, и не повеќе од 100 во „црвената зона“, односно на самиот терен и покрај него. Во тие 100 лица се вклучени фудбалерите, стручните штабови, судиите и медицинскиот персонал.

Протоколот исто така јасно го одредува и начинот на кој екипите ќе патуваат на и од натпреварите, а се советува на подолгите патувања да се оди исо авион.

Пред влегување на стадионот, на сите ќе им биде мерена температурата, а играчите пред и по излегувањето на теренот ќе мора да ги дезинфицираат рацете.

Премиер лигата ќе продолжи на 17. јуни, а на првите два натпревари ќе играат Астон Вила – Шефилф и Манчестер сити – Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот