Прекинати сите спортски активности во Италија!

фото: твитер

Одлуката ја донесе Олимпискиот комитет, се наведува дека Италија не може да влијае на европските натпреварувања, туку само на спортот во својата држава.

Италијанскиот олимписки комитет објави дека до 3. април 2020 нема да се одржуваат спортски настани во оваа држава, се чека само тоа да го потврди тамошната Влада.

Главната причина е епидемијата на коронавирусот кој зарази над 7.000 илјади луѓе во Италија и починаа 366 според последните информации од Апенините.

Изминатиот викенд имаше натпревари од најсилната италијанска фудбалска лига (Серија А) пред празни трибини.

Претходно беше донесена одлука еден месец спортските активности во Италија да се одржуваат зад затворени врати.

Италијанскиот олимписки комитет информира дека нема да се одржуваат спортски настани до 3. април. Ова доаѓа по состанокот организиран од претседателот на „КОНИ“, Џовани Малаго во Рим.

Се наведува дека Италија не може да влијае на европските натпреварувања, туку само на спортот во својата држава.

Тоа значи дека Евролигата, Еврокупот, Лигата на шампионите, Лига Европа и останатите натпреварувања и натаму може да се играат пред празни трибини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот