Фото: Васка М. Младеновска

Прекината седницата на Советот во Битола

Советниците од СДСМ денеска ја напуштија седницата на Советот на Општина Битола, по што претседателката на Советот, Габриела Илиевска, ја прекина.

Но, иако претседателката Илиевска и советниците на СДСМ и Поинаку ја напуштија зградата, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ сѐ уште се во салата на Советот, очекувајќи седницата да продолжи.

Според Илиевска, седницата е прекината по член 67 од Законот за локална самоуправа, за дополнителни консултации.

Таа за „Слободен печат“ изјави дека заедно со двајцата советници на Поинаку нема да се вратат за да ја продолжат седницата.

Од советничката група на Левица велат дека седницата е незаконски прекината, бидејќи и по напуштањето на советниците на СДСМ, имало кворум за работа и Советот можел да носи полноважни одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот