Предлот за ручек: Рецепт за Алфредо тестенини со пилешко готови за 30 минути
Во текот на работната недела не мора дополнително да се изморувате со приготвување комплициран ручек за кој ќе ви требаат неколку часови. Комбинацијата на Алфредо тестенини и пилешко е толку едноставна, а многу вкусна опција за ручек.
Препорачано
За подготовка на овој ручек ќе ви треба само половина час, а можете да го комбинирате и со салата по ваш избор.
Состојки:
– 2 парчиња пилешки гради
– 350 мл млеко
– 350 мл пилешки бујон
– 125 мл павлака за готвење
– 1 пакување тестенини
– 150 грама рендан пармезан
– 2 лажици маслиново масло
– 2 чешниња лук
– бибер
– сол
– свеж магдонос

Подготовка:
Загрејте го маслиновото маслото во голема тава и додадете го пилешкото месо, сол и бибер. Пржете го пилешкото околу 10 минути додека не порумени. Оставете го малку настрана да се излади и потоа исечете го на ленти.
Во тавата каде што сте го испржиле пилешкото, додадете млеко, пилешки бујон и лук, па исто така додадете малку сол и бибер. Додадете ги тестенините и варете со постојано мешање, додека не биде ал денте.
На крајот измешајте ја павлаката за готвење и ренданиот пармезан, па додадете го во сосот и гответе додека не се згусне.
Сервирајте ги тестенините и одозгора додадете го исечканото пилешко. Ако сакате да го интензивирате вкусот на ова јадење, додадете свеж магдонос.



