Собрание Фото: Принтскрин

Пржинската влада ќе се укинува по скратена постапка и без консензус, првиот чекор помина во Собранието

Одложената примена значи дека наредните парламентарни избори, редовни во 2028 година, или предвремени, за последен пат ќе бидат спроведени од техничка влада, како што беше договорено на лидерската средба меѓу претседателите на парламентарните партии, иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, а на која не присуствуваше првиот човек на опозициската СДСМ, која е против овој Предлог-закон.

Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова, се создаваат услови за укинување на т.н. преодна, односно техничка влада.

Предложеното законско решение со одложената примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на почнатите реформи.

„Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој Предлог-закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото“, пишува во образложението на Предлог-законот.

Одложената примена значи дека наредните парламентарни избори, редовни во 2028 година, или предвремени, за последен пат ќе бидат спроведени од техничка влада, како што беше договорено на лидерската средба меѓу претседателите на парламентарните партии, иницирана од премиерот Христијан Мицкоски, на која не присуствуваше првиот човек на опозициската СДСМ, која е против овој Предлог-закон, бидејќи смета дека условите за укинување на т.н. пржинска влада не се созреани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот