Пречекорен важен праг кон бесконечна и бесплатна енергија од нуклеарна фузија

Фото Профимедиа

Во лабораторија во Калифорнија деновиве бил остварен дамнешниот сон на научниците да создадат фузиски генератор што би произведувал повеќе енергија отколку што троши, притоа користејќи гориво што го има во неограничени количества и кое апсолутно не ја загадува природата.

Весникот „Фајненшл тајмс“ прв објави дека експерименталниот фузиски реактор на Национална лабораторија Лоренс Ливермор (ЛЛНЛ) го надминал прагот на ефикасност, генерирајќи 120 отсто од енергијата што била вложена за да се предизвика спојување на јадра на лесни атоми. Министерството за енергетика на САД не го коментираше извештајот, но најави дека набрзо ќе објави соопштение за „голем научен успех“. Две анонимни лица, запознаени со истражувањето, го потврдиле успехот за „Вашингон пост“.

Фузиските реактори создаваат енергија од фузија на лесни атоми, слично како што тоа го прави Сонцето. Кога произведената енергија би ја надминала вложената, би било возможно машината самата да обезбедува енергија за поттикнување на фузијата, а вишокот да го дистрибуира до други корисници.

Фото/: HANS-ULRICH OSTERWALDER / Sciencephoto / Profimedia

Во случајот на ЛЛНЛ биле генерирани 2,5 мегаџули енергија, а ласерите што го загревале горивото потрошиле 2,1 мегаџули. Тоа е еквивалентно на 0,1 киловат час, што едвај е доволно за да се свари вода во бокал, но таа енергија е генерирана бесплатно и чисто. Како гориво за фузијата се користат изотопи на водород – деутериум, тритиум или мешавина. Во водата овие изотопи ги има неколку илјади пати помалку од обичниот водород, но и покрај тоа ова гориво практично е непресушно, универзално достапно и евтино.

– Фузијата има потенцијал да ни даде речиси неограничена, безбедна и чиста енергија, за чие генерирање не се користи гориво со јаглерод. Скромните резултати од експерименталниот реактор се првата лабораториска демонстрација на ефикасност, кога фузиската енергија е поголема од онаа за ласерите – изјави докторот Доби Скот, кој веста ја оцени како „монументално постигнување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот