Правилото е јасно: Судијата Зиберт морал да го исклучи Томори кога досудил пенал

Mилан - Челзи/11 Октомври/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Бурни реакции во фудбалската јавност предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Челзи во Лигата на шампионите во кој гостите од Лондон славеа победа од 0:2.

Најмногу се коментира ситуацијата од 18. минута кога Фикајо Томори заработи црвен картон. Дефанзивецот на Милан кратко на два пати го повлече играчот на Челзи кој остана нозе, но после одбранетиот удар на Мањан судијата Даниел Зиберт покажа на белата точка.

Голема дискусија се разви на социјалните мрежи за оваа ситуација, меѓутоа ако се погледнат правилата и она што е запишано тогаш Зиберт правилно го исклучил Томори.

„Кога играчот ќе направи прекршок врз противнички фудбалер во шеснаесетникот и спречува чиста шанса за гол, а судијата досудува пенал добива опомена ако се обидел да игра со топката. Во сите други случаи (Држење, влечење, туркање…) играчот мора да биде исклучен“, стои во правилата на ИФАБ.

Според ова кога пеналот веќе се досуди, Зиберт морал да го исклучи Томори. Сега, прашање е дали интезитетот на контактот бил доволен за пенал, а тоа е веќе друга тема. Тука се објаснува само дека кога веќе се решил да досуди, црвениот картон бил неизбежен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот