Правда: Не се точни тврдењата на Беса дека не биле поканети да делегираат свои претставници во работната група за нов Изборен законик

Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

Од Министерството за правда ги негират тврдењата од партијата Беса дека не добиле покана да учествуваат во работната група за Иборниот законик.

Од таму велат дека не се точни тврдењата на партијата Беса дека не биле поканети да делегираат свои претставници во работната група за подготовка на нов Изборен законик.

– Беса, исто како и останатите партии се уредно поканети во два наврати на официјалниот мејл на партијата. Последната покана, која е ургентна им е испратена на 26.05.2022 година, велат од Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот