Пратеникот Ацевски демантира дека бил насилен кон сопругата, откако била повикана полиција во неговиот дом

Фото: Принтскрин

Сопругата на пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Ацевски, Марија Ацевска, повикала полиција по расправија со него во домот скопската населба Ѓорче Петров, пренесува Канал 5.

До расправијата, како што стои во официјалната информација од МВР, дошло бидејќи Ацевски сакал да ги земе нивните две малолетни деца.

,,На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца“, информираат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот.

Во јавноста се појавија информации дека при семејната драма, Ацевски наводно бил „агресивен и насилнички се однесувал кон сопругата“.

Сопругата на Ацевски од друга страна вели дека не била нападната ниту физички, ниту вербално и дека тој со неа се однесувал внимателно, пренесува Сител.

Ацевски на денешна пресконференција на СДСМ, ги демантираше овие тврдења.

– Објавените информации денеска за наводно семејно насилство во мојот дом се кулминација на серијата лажни вести и невистини што одредени медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги пласираат за мене и моето семејство. Најостро и целосно ги демантирам и ги отфрлам и осудувам пласираните невистини за наводно семејно насилство во мојот дом или предизвикано од мене. Ова го квалификувам како бесрамна лага, манипулација и злоупотреба на малолетни деца, семејни односи и недоразбирања во дневно политички цели. Најодговорно тврдам дека се нема случено никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство од моја страна врз мојата сопруга, изјави на денешната прес конференција пратеникот Костадин Ацевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот