Фото: Слободен печат

Пратенички и граѓани сакаа да упаднат на „ТНТ“

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска и Жаклина Пешевска, како и група граѓани утринава се обидоа да влезат на судското рочиште „ТНТ“ кое се одржува во Кривичниот суд во Скопје.

Од групата изјавија дека сакаат да влезат на рочиштето, но од безбедносни причини од страна на судот не биле пуштени.

Од судот пак велат дека групата не е пуштена да влезе бидејќи бил исполнет капацитетот на судницата.

Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот