Прабабата на Фабрегас е суперхерој: На 95 години го победи коронавирусот!
Сеск Фабрегас им се заблагодари на лекарите и медицинските сестри на несебичниот труд во борбата против оваа пандемија.
Поранешниот шпански репрезентативец потврди на „Инстаграм“ профилот дека неговата 95-годишна прабаба го победи коронавирусот.
Сеск Фабрегас им се заблагодари на лекарите и медицинските сестри на несебичниот труд во борбата против оваа пандемија.
– Има 95 години и таа го победи коронавирусот. Вчера нејзините тестови беа негативни. Мојата прабаба е суперхерој, но ништо од ова не би било возможно без помошта на медицинските сестри и лекарите кои им помагаат на сите тие луѓе. Сета моја почит до нив за тоа што го прават секојдневно, големо благодарам! – напиша Фабрегас на Инстаграм.
Да потсетиме, претходно Шпанецот поради економската криза му понуди на раководството на Монако да добива 30 отсто помала плата, а во наредните четири месеци му бидат „замрзнати“ примањањата, додека не се види како ќе се развива ситуацијата.
Фабрегас е инаку поранешен фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси.