Потег за секоја почит: Фабрегас со лекција за сите фудбалери

фото: твитер

Шпанскиот играч од средниот ред предложил да не добива надомест за следните четири месеци и на тој начин му помогне на Монако.

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец се согласил доброволно да ја намали својата плата за 30 проценти за да му помогне на својот клуб Монако финансиски поради тешката сезона во која се наоѓа поради пандемијата од коронавирус.

Сеск Фабрегас (32), играч од средниот ред исто така предложил да не добива надомест за следните четири месеци.

Ова привремено ќе заштеди околу 2 милиони евра за клубот од Кнежеството, при што Шпанецот се откажа од 500.000 евра.

Шпанецот исто така најави дека ќе го преземе 30 процентното намалување на надоместокот на персоналот во центарот за обука на клубот на свој грб, за да можат да ја добијат целосната плата за време на кризата.

Семејството на Фабрегас е погодено од КОВИД-19, откако неговата 95-годишна баба Флора била дијагностицирана со инфекцијата во специјализиран дом за стари лица во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот