Познатиот пејач кој продаде 30 милиони албуми се пензионира: Животот ќе го посвети на христијанската вера

Фото: EPA-EFE/THAIS LLORCA

Деди Јенки, ѕвездатата на регетон-музиката објави крај на својата музичка кариера за да го посвети својот живот на христијанската вера.

Зборувајќи им на обожавателите на крајот од својот последен концерт во неговата родна земја Порторико, пејачот, чие вистинско име е Рамон Луис Ајала Родригез, кажа дека сфатил дека „да се живее успешен живот не е исто што и да се живее значаен живот“.

„Долго време се обидував да пополнам дупка во мојот живот која никој не можеше да ја пополни. Се обидував да ја пополнам и да најдам цел во мојот живот… Во многу наврати ми изгледаше како да сум среќен, но нешто недостасуваше за да се чувствувам комплетен“, рече тој на сцената во неговиот роден град Сан Хуан, Порторико.

Тој рече дека сите „алатки“ што ги има во негова сопственост, како музика, социјални мрежи, платформи, микрофони, сè што му дал Исус сега му припаѓа на неговото Царство.

„Морам да ви кажам дека тие денови поминаа, некој успеа да ја пополни дупката што ја чувствував толку долго. Не се срамам да му кажам на целиот свет дека Исус живее во мене и ќе живеам за него“, продолжи пејачот.

Пејачот објасни дека тешко ја наоѓал среќата иако освојувал награди и „го имал светот пред неговите нозе“. По емотивниот говор на Деди Јенки, десетици дронови се формираа во облик на крст на ноќното небо со пораката  „Христос доаѓа“ (Cristo viene).

Инаки, Деди Јенки првпат објави дека ќе се повлече од сцената во март 2022 година, по кариера долга повеќе од 30 години.

Пред да се повлече од музиката, тој го издаде својот последен албум „Леџендеди“ на 24 март и тргна на проштална турнеја. За време на неговата кариера, пејачот продаде повеќе од 30 милиони албуми.

Во 2017 година, Деди Јенки соработуваше со неговиот колега Луис Фонси на „Despacito“, рекордна песна која помина 16 недели на врвот на листата на „Билборд“. Спотот за оваа песна е второто најгледано видео на Јутјуб на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот