Познати термините во кои ќе играат Работнички и Феникс 2010 во ФИБА Европа купот

фото: kfsm.mk

Во периодот од 2 до 5 октомври 2023 година ќе се играат квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Европа куп.

Македонија ќе ја претставуваат Работнички и Феникс 2010 кои ги дознаа распоредот и термините за натпреварите.

Работнички ќе биде организатор на турнирот во кој ќе настапат уште Донар Гронинген од Холандија, потоа романскиот Рапид Букурешт и Сахах од Азербејџан на чија клупа е нашиот тренер Боби Митев.

Феникс 2010 ќе игра во Кипар каде учествуваат и домаќинот Керавнос и Рошток од Германија.

Пласман во групната фаза на ФИБА Европа купот ќе обезбедат првопласираните екипи.

Распоред на натпревари
ФИБА Европа куп, квалификации

Група „А“
2 октомври 2023
17.30 часот Донар Гронинген – Сабах
20.30 часот Работнички – Рапид Букурешт

3 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Донар Гронинген
20.30 часот Сабах – Работнички

5 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Сабах
20.30 часот Донар Гронинген – Работнички

Група „Е“

3 октомври Керавнос – Феникс 2010 (19.00 часот)
4 октомври Феникс 2010 – Рошток (19.00 часот)
5 октомври Рошток – Керавнос (19.00 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот