Познатата актерка „симна“ 20 килограми: Не го користам зборот диета – воопшто не е охрабрувачки!

Фотографија: Инстаграм

Австралиската актерка Ребел Вилсон ги запрепасти своите обожаватели бидејќи од почетокот на годината ослабе околу 20 килограми, благодарение на 5 значајни промени во нејзиниот живот.

Ребел Вилсон – Инстаграм

Новата фигура на популарната актерка толку многу ги воодушеви нејзините обожаватели што на Инстаграм почнаа да ја нарекуваат „Fit Amy“. Еве како успеа во тоа?

  1. Вежбај петпати неделно

На почетокот од својот план до здрава тежина, Ребел работела со својот личен тренер – Џоно Кастано и вежбала со него најмалку петпати неделно.

Фотографија од инстаграм-профилот на Ребел Вилсон

На почетокот на оваа недела, Џоно Кастано се појави во австралиското утринско шоу „Sunrise “ и зборуваше за режимот на вежбање на Ребел.

Советите на тренерот се дека треба да вежбате најмалку 45 минути и тоа петпати неделно за да изгубите тежина. Исто така истакнува дека е важно да се држите до правилниот тип на вежби за вашето тело за време на тренингот, па затоа за Ребел подготвува вежби како кревање тегови и вежби за бицепс за интензивна потрошувачка на калории.

–  Вилсон рече дека сака 2020 година да биде нејзината година на здравје. Како што можете да видите од пораките што ги објавува на социјалните мрежи, тоа и оди одлично – прокоментира нејзиниот тренер.

Дополнително, Ребел им овозможи на своите пријатели на социјалните мрежи да ги следат часовите кои ги поминува во теретана објавувајќи видео содржини за тоа како вежба.

Така, на едно видео таа покажува како да вежбате со тегови, да правите клекни – стани и да завршите со стомачни вежби.

Фотографија од Инстаграм профилот на Ребел Вилсон
  1. Го избегнува зборот „диета“!

За време на гостувањето во емисијата, нејзиниот тренер истакна дека избегнува да го користи зборот „диета“ кога разговара со Ребел, а не само таа туку и сите неговите клиенти да гледаат на вежбањето како промена на животниот стил.

Го мразам зборот диета. Претпочитам рамнотежа. Мора да уживате во процесот. Ако создадете премногу ограничувања, нема да уживате – кажа Џоно.

На почетокот на годината, Ребел ги извести своите 8,8 милиони следбеници на Инстаграм дека планира комплетно да се ослободи од вишокот килограми и рече дека 2020 година ќе ја нарече година на здравјето.

Облеков спортска облека и отидов на прошетка, а притоа сега активно го хидрирам телото и се обидувам да избегнам шеќер и нездрава храна, што ќе биде доста тешко со празниците, но ќе го сторам токму тоа! Кој ќе направи некои позитивни промени со мене оваа година ? – ги праша Ребел своите следбеници на Инстаграм и ги покани да направат и тие некоја здрава промена во нивниот живот.

Фотографија од Инстаграм профилот на Ребел Вилсон

Покрај тоа што слабее, таа и понатаму знае да ужива во повремената слатка ужина. На почетокот на оваа недела, таа објави видео на кое ужива во еден овошен пудинг.

Запомнете, злобни девојки, понекогаш мора да се почестите сами себе. Јас се честам со калорична храна еднаш или двапати неделно, а притоа уживам во топла бања или излегувам да се забавувам – сподели Ребел.

  1. Прави 10 000 чекори на ден

Кога не е во теретана со нејзиниот тренер, Ребел практикува долги прошетки.

Ги охрабрувам сите мои клиенти да додадат кардио тренинг со движење во текот на денот. Мал совет е да си набавите часовник или да користите мобилен телефон за да броите чекори и да планирате да пешачите најмалку 10 000 чекори на ден. Ако сте на до 9000 чекори, не застанувајте продолжете до минимум 10 000 чекори, советуваше личниот тренер на Ребел.

Фотографија од Инстаграм профилот на Ребел Вилсон

Ребел вчера сподели фотографија од прошетка во раните утрински часови и откри дека и останале само неколку килограми за да ја достигне саканата тежина од 75 килограми.

Оваа недела беше многу напорна за мене. Станав многу рано, околу шест часот наутро и излегов на прошетка. Трчав дури 100 метри спринт за да го забрзам срцевиот ритам. Иако мојот спринт може да биде само бавно трчање за некого, јас сум горда затоа што сега ми преостануваат само три килограми до посакуваната тежина, напиша таа.

  1. Го џвака секое залче 30 пати

Објаснувајќи ги своите цели околу слабеењето, Ребел кажа дека избегнува шеќер и лоша храна. Списанието „Пипл“ подоцна објави дека актерката го користи методот „Мејр“, кој не само што овозможува губење на тежината, туку и го подобрува здравјето на дебелото црево.

Фотографија од Инстаграм профилот на Ребел Вилсон

Тие наведуваат дека Ребел постигнала одлични резултати по посетата на велнес центарот Вивамајр. Методот е осмислен пред 100 години од австралискиот лекар д-р Франц Ксавер и вклучува намалена потрошувачка на глутен и млечни производи.

Покрај тоа, програмата ги охрабрува учесниците да не земаат ужина, а за да си го подобрат варењето на храната, со тоа што секој залак ќе го џвакаат 30 пати.

Менито во велнес центарот вклучува високо алкална храна, како што се зеленчуците и здравиот овчи јогурт.

Тоа е пристап што ја елиминира нетолеранцијата на храна, го намалува внесот на шеќер и ја поттикнува потрошувачката на целата храна без да се таложи на нашите тела. Бавното јадење го зајакнува имунитетот и ги намалува воспалителните процеси, изјави извор за магазинот „Jezebel“.

  1. Кардио вежби

Благодарение на нејзината улога во „Мачки“, Ребел започна да слабее. Благодарение на исцрпувачките кореографии за танцување и тешките носии, таа изгуби неколку килограми за само неколку дена.

Ослабев скоро четири килограми вежбајќи ја својата улога четири дена. Има многу движење, но на снимањето беше навистина жешко и никогаш не успеав да се освежам доволно – се присетува таа.

Фотографија од Инстаграм профилот на Ребел Вилсон

Кога не танцува, Ребел сака кардио вежби. Во текот на летото, таа сподели видео во кое, како од шега, врти голема гума за автомобил, а притоа им препорача на колегите Лиам и Крис Хемсворт „да се пазат од неа“.

Има и видео како боксува, а тоа е вежба во која се губат околу 600 калории за само еден час додека се гради мускулна маса.

Фотографиите од сите нејзини активности Ребел ги објавува на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот