Позната српска манекенка искрено за односот со својот дечко: Ме тепаше речиси четири часа

Фото: Инстаграм

Турски државјанин чиј идентитет не бил соопштен брутално ја претепал својата девојка од Србија, фото моделот Тања Дукиќ, која во последните неколку години работела како манекенка во Турција, пренесува еспресо.рс.

Турските медиуми објавиле и фотографии од повредената Тања, која се здобила со бројни модринки на главата и целото тело.

Според информациите, таа сама го пријавила насилникот во полиција, а на тамошните медиуми им објаснила дека тие двајца се наоѓале во емотивна врска во последните две години, како и тоа дека живеат заедно.

https://www.instagram.com/p/ByBJa2ghrp1/?utm_source=ig_web_copy_link

– Злоставувањето се случи на втори јуни после кавга која изби некаде околу 20.00 часот. Дечко ми ме пречека после едно снимање, а штом влегов во кола почна расправија предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме дома тој почна ѕверски да ме удира и да ме шутира. Го молев да престане, но тој упорно продолжуваше да ме удира каде ќе стигне – раскажала таа за локалните медиуми.

Таа раскажала дека насилникот не останал само на неколку удари, туку продолжил да ја тепа речиси цели четири часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот