Познат составот на Македонија за денешниот меч против Словенија

Норвешки повторно ќе ги тестира најдобрите македонски ракометарки/Фото: РФМ

Денеска ќе се игра првиот од двата натпревари на македонската женска сениорска репрезентација против Словенија во Целје со почеток од 18.00 часот во рамките од ЕХФ неделата за ЕХФ Евро Куп 2022.

Вториот дуел ќе се игра в недела (6 март) во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за љубителите на ракометот ќе биде слободен.

Овие мечеви служат како подготовка за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи во три земји: Македонија, Словенија и Црна Гора.

Селекторот на нашата селекција, Љубомир Савевски за денешниот натпревар против Словенија ќе ги има на располагање следните ракометари:

М. Јанеска, Д. Петковска, А. Коловска, И. Џатевска, А. Јанкуловска, Ј. Мицевска, А. Седлоска, И. Арсениевска, С. Ристовска, Г. Величковска, Е. Ризоска, С. Стојковска, Ј. Саздовска, С. Дабевска, Л. Гичевска, Б. Коцева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот