Познат рапер избоден до смрт: Неговата објава на Инстаграм предизвикува морници

Фото: Инстаграм

Познатиот рапер Пет Стеј е избоден во раните утрински часови во близина на брегот на Халфакс во Нова Шкотска, Канада, а подоцна им подлегнал на повредите, соопшти полицијата, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата соопшти дека Пет Стеј по нападот бил итно пренесен во болница, но дека лекарите биле немоќни. Братот на овој музичар ја потврди трагичната вест за „Си-би-си њуз“.

Стеј имал 36 години, а засега не е познато кој би можел да биде потенцијалниот мотив за убиството.

Само еден ден пред трагедијата, раперот на Инстаграм објави спот за новата песна „Warm up“. А, минатата недела го прослави петтиот роденден на својот син Калвин, за кој рекол дека е неговиот суперхерој од реалниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pat Stay (@patstay_902)


„Те обожавам, ти се восхитувам, ти си дете, а сепак се угледувам на тебе“. Постојано сум во неверување колку сум среќен и колку си ти ​​посебен. Често плачев од среќа, размислувајќи за тоа и за нашата посебна врска“, напишал Пет Стеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pat Stay (@patstay_902)

Пет Стеј минатиот четврток објави порака на Инстаграм која денес има посебно значење и која гласи: „Замислете кон сите наши пријатели и сакани да се однесуваме како да знаеме дека  деновите им се избројани“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pat Stay (@patstay_902)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот