Позираше со лемур на рамото, а тој и „нурна“ во градите! (ВИДЕО) – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Позираше со лемур на рамото, а тој и „нурна“ во градите! (ВИДЕО)

Само неколку месеци откако имаше инцидент со слон, Плејбој зајачицата повторно стана вирална сензација поради снимката од возбуденото животно.

Франсиа Џејмс на Инстаграм сподели снимка на која се гледа како лемур се „нурка“ во нејзините гради. Снимката од вчера собра повеќе од 400.000 прегледи, но и поделени реакции.

Инфлуенсерката од Колумбија го посетила заслоништето за животни во Флорида, а за време на посетата се обидела да го сними слаткиот лемур на нејзините рамена и да го сподели на Инстаграм. Но, набргу љубопитниот лемур посакал да ја „испипа“ ситуацијата.

Таа снимката ја споделила со своите 3,2 милиони фанови на Инстаграм, кои ги прашала дали знаат дека лемурите се волку љубопитни.

„Не гледам проблем, лемурот има прекрасен вкус. И ја би го направил истото“, е само еден од ваквите коментари. Но, многу поранешни зајачици ја критикувале бидејќи сметаат дека тоа го направила само за повторно да стане вирална, како и неодамна кога само во танга ги шокираше купувачите во еден трговски центар, но и кога со минималистички костим за капење правеше чучњеви додека држи мал алигатор на рамената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close