Пожарот во „Макпрогрес“ зафатил магацин и производни погони, побарана помош од соседните општини
Попладнево, во Виница избувна голем пожар во фабриката „Макпрогрес“, позната по брендот „Винчини“. Пожарот го зафатил магацинот и производствените погони 6, 7 и 8, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари. Според ЦУК, градоначалникот на Виница добил насока да побара дополнителна поддршка од соседните општини за справување со пожарот.
ВИДЕО | Голем пожар попладнево околу фабриката „Мак Прогрес“ во Виница
Во моментот се вклучени ТППЕ Кочани и доброволните противпожарни друштва од Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од општините Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат екипи и од други општини.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, нагласува дека, поради специфичноста на пожарот, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари.
На местото на настанот се присутни и полициски екипи кои го обезбедуваат просторот околу фабриката, додека пожарот продолжува да се шири низ производните погони. Сè уште нема информации за повредени лица, а причините за пожарот се утврдуваат.


