Пожарот кај Бучинци се ближи кон куќите, а никој не го гасне, алармираат жителите

пожар /Фото: Илустрација

Вознемирени жители на скопското село Бучинци вечерва алармираат дека пожарот, кој веќе неколку дена беснее на ридовите над селото, носен од силниот ветер, се доближува до нивните куќи. Тие ги повикуваат надлежните да реагираат, а соселаните да излезат и самите да го гаснат пожарот.

„Огнот се спушта накај куќите, ниту пожарникари има, не било пристапно местото. Се шири и накај Мршевци, искачајте луѓе“, вели една жителка на Бучинци.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека тој пожар е активен веќе три дена и дека ја следат состојбата, а тврдењата на жителите дека огнот може да ги загрози куќите во селото ги нарекоа дезинформации.

И жителите на Мршевци вечерва објавија фотографии на кои се гледа како пожарот се доближува до селото.

Шумски пожар кај Мршевци / фото: Фејсбук
Шумски пожар кај Мршевци / фото: Фејсбук

Според некои информации од локалното население, ветерот го шири пожарот кон соседното село Ајватовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот