• Бучинци

Експресно ставен под контрола пожарот кај Бучинци

Храбрите пожарникари на БППЗ на Град Скопје, со поддршка на 1 хеликоптер и со несебичната помош на месното население го пресекоа пожарот кој денеска се рашири кон селото Бучинци, информираат од Центарот за управување со кризи. Пред тоа го локализираа па за кусо време и го изгаснаа пожарот што дојде до црквата ,,Св. Тројца”.