МНОГУ РЕТКА ПОЈАВА во Македонија: Откриена нова гробна конструкција на локалитетот Градиште – Бучинци!

Пред крајот на 2019 година заврши археолошкото истражување на локалитетот Градиште – Бучинци под раководство на кустос советникот, Страхил Темов, каде во југозападниот дел од некрополата беше откриена нова гробна конструкција во која се пронајдени измешани човечки и животински коски, што претставува многу ретка појава не само во праисторијата туку и во подоцнежните епохи. Објаснувањето на оваа појава ќе бара поопширна анализа.

Во оваа кампања на археолошки истражувања исто така беа откриени остеолошки остатоци од 8 покојници, одреден број бронзен накит и една сребрена наушница. Покрај металните беа откриени и  голем број фрагменти од помали и поголеми керамички садови.

Помеѓу коските беа откриени и два човечки черепи со јасно воочливи трагови од смртоносни удари со тврд предмет, информираат од Археолошкиот музеј.

При археолошките истражувањата во 2019, за прв пат се документирани три хоризонти на погребувања. Првиот, погребување под хумки (насип) од камења со класично положување на покојниците, втор хоризонт, 20 см. мешање на животински со човечки коски и трет слој на горење во кој покојниците се вкопани во јами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот