Пожарникари и лекари го извлекувале возачот: Тешка сообраќајка во Скопје

фото: Скопје инфо

Пожарна и итна помош интервенирале да го извадат возачот од автомобил кој возел со неприлагодена брзина и удрил во метален столб. Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.

Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб, објави „Скопје инфо“.

На лице место интервенирале екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот