Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Пожар во руска нафтена рафинерија, тројца повредени и неколку загинати

Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во пожар што избувна денеска во нафтена рафинерија во градот Ухта во Република Коми во северозападна Русија.

Локалните власти тврдат дека пожарот не бил резултат на украински напад, пренесе Бета.

– Денеска дојде до пожар во рафинеријата за нафта во градот Ухта при планирани технички работи, што резултираше со смртни случаи и повредени, напиша истражниот оддел на Телеграм.

Локалните власти не прецизираа на која компанија и припаѓа рафинеријата, но сликите објавени од локалното министерство за вонредни состојби го покажуваат логото на нафтениот гигант Лукоил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот