Пожар кај Велешко Езеро, побарана авионска поддршка (ФОТО+ВИДЕО)

фото: tirekovmirece.com

Центарот за управување со кризи соопшти дека пожар избувнал во близина на с.Отовица.

Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.

фото: tirekovmirece.com

На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

https://www.facebook.com/watch/?v=890897291277707

Според информациите огнот брзо се шири, опожарени се неколку куќи во Отовица, а неофицијално се зафатени од огнот и ресторанот Глориус и брод-ресторанот Панини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот