Повторно започнување на судењето за „ТНТ“ за одбраната е победа на правдата, а за обвинителство одолговлекување на постапката

Адвокатот Јовица Страшевски, по завршување на денешното рочиште, рече дека надвладеал разумот и победила правдата.

Враќањето од почеток на судењето за случајот „Т.Н.Т.” по неотповикливата оставка на една од поротничките, за одбраната е победа на правдата, додека за обвинителството е остварување на целта на адвокатите за одолговлекување на постапката. Оштетениот во случајот, пак се сомнева дека поротничката самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата.

Адвокатот Јовица Страшевски, по завршување на денешното рочиште, рече дека надвладеал разумот и победила правдата.

– Се докажа дека сето тоа што Кривичниот суд го пишуваше против нас, дека не е точно и дека по втор пат заради разумно размислување од поротничката дека и е истечен мандатот. Го поздравувам нејзиниот гест и победи правдата во Македонија, рече Страшевски.

Во однос на тоа, дали ќе прифати да се читаат доказите, адвокатот Страшевски, рече дека според него подобро да се изведат повторно, но ќе прифати како ќе одлучи мнозинството и нема да прави опструкции.

– Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината, изјави Страшевски.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, рече дека е неприфатливо тоа што го направиле адвокатите, но дека ја постигнале целта да се врати процесот од почеток.

– Ја постигнаа целта да го вратат процесот од почеток и да го одолговлекуваат во подолг временски период, изјави Рустеми.

Во однос на тоа како очекува сега да се одвива судењето, Рустеми, рече дека очекува да трае подолго.

– Мислам дека нема да се согласи одбраната да се прочитаат исказите и да се одвива побрзо судењето. Мислам дека нивната цел беше поинаква, да се одолговлечи постапката и да трае можеби година две, изјави Рустеми.

По денешното рочиште, бизнисменот Фијат Цановски, пред Кривичниот суд, изјави дека се сомнева дека поротничката самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата.

– Се сомневам дека самоволно дала оставка и дека е поткупена од мафијата, која што владее во Македонија или од некои закани. Како што видовте, судењето ќе почне од почеток, но јас сепак верувам во правосудниот систем и верувам дека овој процес многу брзо ќе се заврши, изјави Цановски.

Одбраната, посочи Цановски, настојува да ги пролонгира судењата со очекување дека ќе победат на изборите и повторно ќе завладее „сваровски судството”, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот