Фото: „Стоп за Вардариште“

Повторно гори депонијата „Вардариште“

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ попладнево информираа дека по седум месеци, повторно гори депонијата „Вардариште“.

„Ова е последно предупредување од наша страна“, велат од граѓанската иницијатива, која лани организираше серија протести како притисок врз властите да го решат деценискиот еколошки проблем во Скопје.

„Стоп за Вардариште“ бара итна реакција од надлежните институции и враќање на полициското присуство на депонијата.

– Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите, велат од граѓанската иницијатива.

Оградување, 24-часовен надзор и забрана за влез – Каја Шукова го претстави планот за решавање на проблемот со „Вардариште“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот