Повик за донации за обнова на опожарениот ТЦ Глобал во Струмица

Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и организи и едници на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица кој беше опожарен на 02.01.2021 години.

Паричните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка: 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

Паричните средства ќе бидат неменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во упореба на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини.

Здружението исто така известува дека на 13 февруари 2021 година во 19.30 часот сите заинтересирани лица ќе можат да учествуваат во јавното наддавање преку која ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно -занаетчиски работи во опожарениот објект на ГТЦ Глобал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот