Повеќе интерес за сателитска телевизија, пад на претплатници на кабелските оператори

Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги во вториот квартал од 2023 година изнесува 440.500 и споредено со претходниот квартал е намален за 0,40%, а во однос на вториот квартал од 2022 година е зголемен за 1,10 проценти.

Бројот на активни претплатници на кабелска телевизија во вториот квартал од 2023 година е намален за 2,44 проценти во однос на претходниот квартал додека во однос на вториот квартал од 2022 година може да се забележи намалување за 2,10 проценти.

Раст од 1,84 проценти има кај активните претплатници на IPTV во вториот квартал од 2023 година  во однос на претходниот квартал и од 2,91 процент во споредба со истиот квартал од претходната година.

Во вториот квартал од 2023 година услугата DVB-T ја користеле 40.552 претплатници и споредено со претходниот квартал има пад од 0,17 проценти, односно за 1,80 проценти споредено со вториот квартал од 2022 година.

Бројот на претплатници на сателитска телевизија во вториот квартал од 2023 година изнесува 35.642 и бележи раст од 1,97 проценти во однос на претходниот квартал, а споредено со вториот квартал од 2022 година раст од 18,49 проценти.

Уделот на претплатниците на кабелска телевизија изнесува 47,17 проценти, претплатниците на IPTV имаат удел од 35,53 проценти додека уделот на претплатници на DVB-T и сателитска телевизија изнесува 9,21 процент односно 8,09 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот