Потресна приказна за Блаже од Кавадарци – момчето кое доби бубрег од Верица Белчовска

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци вечерва преку изјава за МИА се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже.

Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат.

– Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, рече мајката.

Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.

-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа, раскажа мајката со многу емоции.

Со денешната трансплантација, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент.

– Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев. 

ВИДЕО: Иле е буден и добро закрепнува – во него чука срцето на Верица, хирурзите спасија три животи

Успешно заврши трансплантацијата на бубрег на Клиниката за урологија, во тек е втората – Верче денеска спаси три животи

Бубрезите од донорот на срцето ќе се трансплантираат денеска, коските во наредните денови

Сакаме да спасиме животи, вели братот на девојката чии органи беа дарувани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот