Ана Ѓорѓиеска - Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Со Ана на ТИ“ | Анастасија Ѓорѓиeска, мајка на Андреј „ДНК“: „За кобниот ден во Кочани“

Во втората сезона на поткастот „Со Ана на ТИ“ кој се емитува на јутјуб каналот на „Слободен печат“, започнуваме со разговор полн љубов, болка и сила. Прва гостинка е Анастасија Ѓорѓиеска, мајката на Андреј од „ДНК“, кој на 16 март годинава херојски го загуби животот спасувајќи други деца во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Иако нема зборови за утеха и ништо не може да ја намали болката од загубата на своето чедо, Анастасија собра сила во чест на нејзиниот и наш Андреја да ја раскаже неговата трагична но и топла приказна. Целиот поткаст ќе можете да го гледате вечерва на јутјуб каналот на „Слободен печат“ во 19:00.

Топла, емотивна и трогателна приказна — за љубовта што не згаснува, за музиката што останува, и за силата на една мајка која го носи своето дете во секој здив.

„Со Ана на ТИ“ — нова сезона, нови приказни што ќе ве потсетат колку е важно да чувствуваме, да разбереме, да сакаме и да не забораваме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот