Потенцијални „корона-бомби” бегаат од изолација : Не отвораат врата, а телефонскиот број не постои!

Лица што треба да примат решенија за самоизолација во епидемиолошките анкети даваат грешно име, непостоечки адреси, телефонскиот број што го оставиле не им постои, мејл не даваат, а кога инспекторите од ДСЗИ ќе се појават на вратата, им кажуваат дека такво лице не постои и не живее на адресата со години, или дека не го познаваат.

Вака директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат доктор Ирина Сотирова Бухова низ примери опиша со какви проблеми се соочуваат на терен при врачувањето на решенија за изолација на контакти на заболени или на заболени.

– Во епидемиолошката анкета, даваат име, ама презимето згрешено во три-четири букви. Адреса непостоечка. Мејл, не постои. Кога ни даваат податоци при врачување на решенија, одиме на врата и ни велат ,,ова лице не живее тука со години, не го познаваме”. Не ни отвораат врата за да не се прими решението. Апелирам ваквите постапки да се сведат на нула. Зашто бројките што ќе ги видиме во наредните две недели, се правопропорционални последици на ваквите однесувања. Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице, кое нема да го прими решението и слободно ќе функционира е потенцијална ,,бомба” односно потенцијална зараза за сите оние каде што ќе се движи, рече доктор Бухова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот