После ова вашиот тепих ќе биде вистински украс во домот – 3 најефикасни средства за чисти и миризливи теписи

Фото: Профимедиа

Иако чистењето на теписите на никого не му е омилено, сепак тоа мора да се направи, а овие 3 евтини и природни совети ќе ви помогнат да го освежите вашиот тепих и да се ослободите од настанатите дамки.

Постојат три најголеми проблеми со теписите:

– Заглавени нечистотии во внатрешноста на тепихот
–  Дамки
–  Непријатен мирис

Овие 3 средства ќе им стават крај на вашите проблеми.

1. Средство за длабинско чистење

Потребни состојки:

– ½ филџан сода бикарбона
– 10 капки етерично масло од кедар
– 10 капки етерично масло од лимета

Вметнете ги сите состојки во пластична вреќа и оставете ги да стојат еден ден. Пред користење на припремената смеса, исмукајте уште еднаш, посипете ја смесата по целата површина, шприцнете чиста вода и со четка добро истријте го тепихот. Смесата оставете ја да стои најмалку половина час, а потоа повторно всмукајте.

2. Средство за отстранување дамки

Потребни состојки:

– 1 лажичка алкохолен оцет
– 3 лажички обична вода

Направете раствор од алкохолен оцет и обична вода. Потопете крпа во растворот и со неа избришете ја дамката. Потоа, ставете ја крпата преку дамката и поминете низ неа со загреана пегла. Оцетот и водата ќе ја впијат дамката. Повторувајте го процесот сѐ додека не исчезне дамката.

3. Средство за отстранување на непријатен мирис

Потребни состојки:

– 2 лажици течен сапун
– 40 мл бел оцет
– ½ литар топла вода
– 1 лажичка боракс
– 6 капки етерично масло од лимон
– 3 капки етерично масло од чајно дрво

Во стаклен сад ставете ги сите состојки и добро измешајте, на крајот ставете ги во шише со шприц и додадете вода. Добро протресете и испрскајте по целата површина на тепихот, оставете околу 20 минути и потоа всмукајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот