Поштарите најавуваат штрајк за 7 јуни: „Македонска пошта“ мора да се реорганизира и да опстои

Пошта / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Последната плата вработените ја зеле пред еден месец на 15 април, а за овој месец е пробиен рокот и сè уште немаат земено плата

Вработените во „Македонска пошта“ вчера излегоа на масовен протест за да го изразат својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и за зачувување на своите работни места. Долг период, месеци и години „Македонска пошта“ се соочува со финансиска криза и со лоша организација на работењето, што доведе до тотален хаос и до дното на опстојување. Синдикалниот лидер Боро Велигденов соопшти дека сè уште немаат земено плата и не знаат кога ќе ја земат, оти нема доволно финансиски прилив.

– Менаџментот ги нема одговорите – рече Велигденов.

Според вработените, до оваа состојба се дојдени поради лошата кадровска, партиска политика, што се случува години наназад.

– Доста е со партизирани, нестручни кадри. Бараме новата влада да ја стави „Македонска пошта“ како приоритет за да се најде решение – велат тие. Вработените бараат систематизација и конечно да се средат состојбите, затоа што 2.000 вработени ќе се останат без работа, а Македонија ќе биде единствена земја без национална пошта. Тие повторија дека не им требаат 15 подружници, 15 директори, туку вработени во технолошкиот процес.

Претставникот на синдикат на „Македонска пошта“ Сашо Димитриевски рече дека имаат информации дека се врши дистрибуција на поштенски пратки од друга држава, што според закон не е дозволиво и побара да се престане со таа практика.
Последната плата ја зеле пред еден месец на 15 април, а за овој месец е пробиен рокот и сè уште немаат земено плата. Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот