Посебен ходник за движење и зголемени безбедносни мерки во Шутка – Палевски пристигна во Скопје

Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло – oбјавува Телма. Авионот бил се уште паркиран на пистата на аеродромот. Неофицијално се чека сите патници да излезат а потоа Палевски да биде спроведен до Шутка.

Првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија, ќе се движи по посебен ходник. Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

Филип Андов директорот на Шутка во изјава за Слободен печат потврди дека вечерва Палeвски ќе биде донесен кај нив. Тој не сподели информации во колку часот ќе пристигне Палевски поради безбедоносни причини.

„Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, има посебен ходник за движење. Има појачан видео надзор, со определен број на чувари, ќе има посебна бања. Веќе имало и протокол за храна и се знае колку чувари ќе го чуваат под посебни мерки“, вели Андов за Слободен печат.

Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, во Скопје ќе пристигне вечерва со авион од Истанбул. Од МВР, надлежни да го спроведат транспортот заедно со полицијата од Турција, велат ќе известат штом ќе дојде, но од безбедносни причини не кажуваат кога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот