САД флертуваат со неонацистите, гласи реакцијата на Кремљ за дозволата на Азов да користи американско оружје

epa09842897 A Ukrainian soldier of Azov Battalion in Kharkiv, Ukraine, 22 March 2022. Russian troops entered Ukraine on 24 February resulting in fighting and destruction in the country, and triggering a series of severe economic sanctions on Russia by Western countries. EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Кремљ  негативно го  оцени укинувањето на забраната на американските власти за испорака на оружје на украинскиот баталјон Азов* (терористичка организација забранета во Руската Федерација), изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Исклучително негативно – изјави тој за новинарите.

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

Опишувајќи го „Азов“, Песков истакна дека „ се работи за  ултранационалистички вооружени единици“.

– Таквата ненадејна промена на ставот на Вашингтон укажува дека тие не се срамат од ништо во обидите да извршат притисок врз Русија, користејќи, ја Украина и украинскиот народ како инструмент во свои раце. Подготвени се дури и да флертуваат со неонацисти – обвини претставникот на Кремљ.

Тој истакна дека „тоа уште еднаш ја потврдува исправноста на  загриженост а на Москва во однос на трендот на  ширењето  на неонацистичките идеи во светот“.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на  извори на Стејт департментот, објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе му дозволи на украинскиот национален баталјон Азов* да користи американско оружје.

азов харкив харков украина украински војник
Украински војници во Харков/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Волонтерскиот баталјон „Азов“ е формиран во 2014 година и оттогаш се бори на страната на вооружените сили на Украина.

Борците на „Азов“ учествуваа во битките за Мариупол во пролетта 2022 година. По предавањето во мај, во септември истата година, 215 „Азовци“ беа разменети за 55 руски војници и украинскиот политичар Виктор Медведчук.

Припадници на Азовскиот полк на парада во Мариупол во 2021 година / фото: Wikimedia Commons/Wanderer777

Договорот беше постигнат со помош на Турција, каде што петте команданти на Азов требаше да останат до крајот на конфликтот „под лични гаранции“ на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Сепак, во јули 2023 година, тие се вратија во Украина. Во исто време, „Азов“ беше трансформиран во бригада и нејзините приадници беа вклучени  во Националната гарда на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот