ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Данчевски: Со симултанка на Школка славиме 100 години шах

проф. Орце Данчевски/ Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Оваа година се одбележуваат 100 години од постоењето на Светската шаховска федерација. Шахот веќе се слави ширум светот, на почетокот на годината започна од Њу Делхи со шаховски факел и штафета кои до септември треба да стасаат во Будимпешта каде ќе се одигра редовната шаховска олимпијада.

И Македонија се приклучува кон одбележувањето на овој значаен јубилеј, со спектакуларен настан кој ќе се случува в сабота во Градски парк, вели за „Слободен печат“ Орце Данчевски, интернационален мајстор, лиценциран фиде тренер и наставник по шах во основното училиште „Јахја Кемал“.

– Шаховската федерација на Македонија се приклучи кон свечено одбележување на овој голем јубилеј – 100 години од организирано играње на шах. Во сабота точно на пладне во Градскиот парк, поточно на Школка, симболично со 100 деца шахисти, 100 маси и секако 100 шаховски табли низ забава ќе се игра шах и ќе се дружат на едно место сите љубители на овој спорт. Замислено е низ симултанка младите шахисти да играат шах со сите што ќе изразат желба – вели Данчевски.

Проф. Орце Данчевски и Андреи Калин/ Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Нема потреба од посебна подготовка или пријавување, појаснува професорот, секој што го сака шахот е добредојден да присуствува и учествува.

– Очекуваме голем број на присутни од цела држава. Шахот во последно време е многу популарен, посебно кај децата и очекувано по актуелниот проект „Шах во училиште“ кој го зголеми бројот на нови млади вљубеници во овој спорт. Веќе две години ученици во 50 основни училишта го изучуваат шахот како предмет. Очекувам сите овие деца да дојдат в сабота. Со ова Македонија испишува историја како прва балканска земја што воведува ваква промена во образованието – вели тој.

На овој настан предвидено е да гостуваат бројни звучни имиња од шаховската фела како, Најџел Шорт од постарата шаховска федерација кој играше светски меч со Каспаров, Антонета Стефанова светски првак, нашиот долгогодишен репрезентативец Владимир Ѓоргиев, еден од нашите најдобри шахисти, Петар Нанудов, тренер на бугарската женска репрезентација.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Андреи Калин: Играњето шах ни помага да носиме подобри одлуки во животот

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот